top of page

ДОГОВОР ЗА ЗАКУП ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ИЗНАЈМИТЕ НЕДВИЖНОСТ?

  • Writer: Advokat Todorovic
    Advokat Todorovic
  • Jun 3, 2025
  • 2 min read

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА И СИГУРНОСТ  НА СВОЈОТ ИМОТ
ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА И СИГУРНОСТ НА СВОЈОТ ИМОТ

Изнајмувањето недвижен имот – без разлика дали се работи за стан, куќа или деловна просторија – не е едноставна формалност. Тоа е правен однос што често, ако не е правилно поставен од почеток, може да доведе до сериозни последици.

 

Најчестите ризици со кои се соочуваат сопствениците:

 

·      Ненаплатена кирија – закупецот престанува да плаќа, а сепак останува во имотот.

·      Оштетувања на покуќнината – уништени апарати, мебел или делови од ентериерот.

·      Неплатени комунални трошоци – сметки што остануваат на товар на сопственикот.

·      Закупец кој одбива да се исели, дури и ако имате договор заверен кај нотар.

 

Овие штети често се поголеми од вкупната вредност на закупнината – и не ретко завршуваат во долготрајни судски спорови.

 

Имам нотарски договор – тоа ме штити, нели? Не секогаш.


Иако договорот може да биде заверен на нотар, ако не содржи извршни клаузули, во пракса тоа значи дека:


·       не може веднаш да се иницира принудно иселување,

·       мора да покренете судска постапка,

·       а таа, според искуството, може да трае и повеќе од 2 години.

 

И додека трае судскиот процес – закупецот и понатаму ја користи вашата недвижност, без надомест, со можност за нови штети.


Како да се заштитите?


Секогаш склучувајте детален договор за закуп, изработен од адвокат, а не од шаблон од интернет.

Побарајте договорот да содржи извршна клаузула – тоа ви овозможува, во случај на прекршување, веднаш да поведете извршна постапка преку извршител, без судење.

Договорот солемнизирајте го кај нотар – трошокот е мал, но правната сила е значително поголема.


 Зошто ова е важно?


Ќе можете брзо да реагирате ако закупецот не плаќа.

Ќе можете законски да го иселите ако го користи имотот без право.

Ќе имате основ за обештетување за направени штети.

И што е најважно – ќе имате мир и сигурност за вашиот имот.


Заклучок

 

Изнајмувањето недвижност не е само договор, туку правен однос со реални ризици. Не препуштајте на случајност. Со соодветно подготвен и солемнизиран договор, вие како сопственик ќе имате целосна контрола и сигурност над својот имот.

 

Пред да го изнајмите вашиот имот – консултирајте се со адвокат. Ви заштедува време, пари и нерви.

 
 
 

Comments


bottom of page